Кои сме ние?

Леонардо да Винчи беше научник, сликар, инжинер, скулптор и астроном. Неговото неверојатно знаење и разнолик спектар на активности беше идеал кој ги водеше најголемите светски умови од времето на Ренесансата. Сега, шест века подоцна веќе никој не може да го прати напредокот во неколку полиња, а камоли во нив и да учествува. Најуспешните претпријатија во 21 век го достигнаа врвот со фокусирање на поединечни пазари или само делови, сегменти од пазарот, вклучувајќи притоа сојузи, партнерства со исто така успешни претпријатија од други подрачја. Токму доверувањето на работите за кои не се специјализирани на своите доверливи партнери им овозможи постигнување на максимален успех во работите за кои се специјализирани.

Ние во Компанија Колчкоски не знаеме да пронајдеме нафта, да произведуваме масло, да компонираме симфонии, обработуваме земја или управуваме со авион, ама даваме се од себе да останеме во тек со развојот во подрачјето кое е потпора на секој бизнис како што се сметководство, финансиски совети, хостирање и веб дизајн.

Во Компанија Колчкоски градиме долгорочни работни односи со нашите клиенти и цврсто веруваме дека целосна доверба, меѓусебно разбирање и помагање се единствен вистински темел за добри работни односи.

Нашата посветеност во решавање проблеми без обзир на нивната сложеност и вољата за постојано учење и надградување не прават идеален избор за подршка и унапредување на работата на нашите партнери.

Станете и Вие наш партнер. Сигурни сме дека можеме да Ви помогнеме.

 

Компанија Колчкоски Д.О.О.

Тел: 02/3225-249, 02/3298-864

Факс: 02/3298-865

ул: „Трета Македонска бригада“ Бр. 10, 1000 Скопје

ЕДБ: 4030006609482

Жиро с-ка: 210-0615518901-70

Депонент: Тутунска Банка

 
Сите права задржани © Компанија Колчкоски